Шпанија на импресивен начин ја почна втората фаза на Европското ракометно првенство. Бранителот на титулата ја декласира Чешка со 31:25 за потврдување на улогата на фаворит пред натпреварот.

„Фуријата“ имаше комотни 14:9 на полувреме, предност што рутински ја задржа до крај на средбата. Алекс Душебаев и Анхел Фернандез постигнаа по пет гола за шпанската селекција, додека најефикасен во мечот беше Чехот Ондреј Здрахала со осум погодоци.

Денешната понуда од ЕП носи уште два меча. Од 18.15 часот ќе играат Хрватска и Австрија, а во вечерниот термин од 20.30 часот е закажан натпреварот меѓу Германија и Белорусија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2020 21:28