Пари Сен-Жермен продолжува да се обидува да се стекне со дефанзивецот на Наполи, Калида Кулибали. Парижаните се подготвени да му платат на 28-годишниот Сенегалец 12 милиони евра годишно, пренесува „Л’Екип“.
Претходно беше објавено дека интересот за фудбалерот покажуваат и премиерлигашите Арсенал и Манчестер јунајтед.
Оваа сезона Кулибали настапи на 20 натпревари за Наполи.
Порталот „transfermarkt.de“ го проценува дефанзивецот на 75 милиони евра.