Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше презадоволен од залагањето на неговите избраници на денешниот дуел со Удинезе во 20. коло од Серија А.
Многу сум задоволен затоа што вложивме срце и душа на овој меч. Многу ми е драго, затоа што во минатото тимот работеше добро, но не можеше да ги собира плодовите од тоа што го посеа. Брзиот гол на Удинезе не лиши од јасност. Противникот потоа добро го контролираше просторот. Требаше да се движиме поактивно, во првото полувреме се боревме, па дури и создадовме неколку опасни шанси. Резултатот дојде во вториот дел. Вакви резултати инспирираат доверба во тимот. Не се откажавме ни по поразот од Аталанта во Бергамо (0:5), затоа што знаевме дека правилно работиме. Доаѓањето на Ибрахимовиќ ни донесе уште поголеми мотиви, изјави Пиоли. Милан го победи Удинезе со 3:2 по резултатски пресврт, откако гостите од Удине имаа водство со 1:0 по првото полувреме.
За „росонерите“ ова беше осма победа и сега имаат вкупно 28 бода за во моментов осма позиција на табелата.