Новото засилување на Баерн Минхен, Алваро Одриосола, е задоволен од новиот предизвик. 24-годишниот шпански бек ќе игра на „Алијанц арената“ до крајот на сезоната.

– Сакам да му се заблагодарам на клубот за нивниот интерес за мене. За мене е чест и привилегија да бидам дел од овој клуб. Сум го гледал многу пати на телевизија и отсекогаш сонував да играм за овој клуб. Подготвен сум. Не дојдов овде да си го губам времето, дојдов да играм. Точно е дека не играв многу во последно време, но добро тренирам и подготвен сум да дадам сто проценти од себе. Веќе размислувам за мечот со Шалке и би бил многу среќен ако играм, изјави Одриосола.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2020 00:27