Екипата на Академија Пандев утрово замина на подготовки во Анталија, Турција, каде ќе остане до 7 февруари.

Во познатото турско летувалиште струмичкиот прволигаш закажа пет контролни натпревари. Како што информираше тренерот Југослав Тренчовски првиот го играат утре против екипата на Балтика од Русија. Следен противник на „пандевци“ ќе биде екипата на Спартак од Суботица, Србија, потоа со Септември од Софија, Бугарија, па Ротор од Русија и последниот контролен натпревар е закажан со Алтин Асир од Туркменистан.

Во експедицијата на Академија Пандев се вклучени и помлади фудбалери од младинската школа кои ги потпишаа првите договори со сениорскиот тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2020 13:59