Атлетико Мадрид влегува во серија лоши резултати во шпанскиот фудбалски шампионат. Потврда за тоа е ремито (0:0) на домашен терен против Легањес што беше причина за навивачите преку социјалните мрежи да побараат смена на Диего Симеоне.

Аргентинецот е на клупата на „јорганџиите“ веќе девет години, период во кој го предводеше тимот до многу успеси. Но, фановите, се чини, го губат трпението, иако последниот збор, секако, го има раководството на Атлетико.

Легањес, кој на „Ванда Метрополитано пристигна како фенерџија на табелата, беше рамноправен партнер на тревникот, спречувајќи ги фаворизираните домаќини да стигнат до три бода за престигнување на Севилја, но и доближување со Реал Мадрид и Барселона која вчера загуби од Валенсија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2020 16:36