Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) го префрли квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио од Кина во Сиднеј поради епидемијата од корона-вирус. Натпреварите ќе се одиграат од 3 до 7 февруари. Кинеската фудбалска асоцијација претходно соопшти дека се откажува од организација на турнирот. Ова е второ поместување на спортски настан од Кина во текот на денот, откако претпладнето и Интернационалната тениска федерација (ИТФ) донесе одлука за домаќин на регионалниот квалификациски турнир за Федерејшн купот, сепак, да биде Казахстан.