Шпанија останува на европскиот ракометен трон. „Црвената фурија“ во финалето на 14. ЕП ја совлада Хрватска со 22:;20 (полувреме: 12:11). „Коцкестите“ не искористија напад за израмнување (Карачиќ направи чекори) додека Шпанците реализираа преку Душебаев за голема радост во распродадената „Теле2 арена“ во Стокхолм. Лидер во шпанската селекција беше Гомес со пет гола, три даде Македа, по два реализираа Агинагалде, Кањелас, Душебаев, Ентрериос и Сармиенто. Листата на стрелци кај „коцкестите“, за кои ова е трет пораз во финалните натпреварим, ја предводеше Дувњак со пет гола, Хорват, Мариќ, Степанчиќ и Карачиќ дадоа по три. Бронзениот медал го освои Норвешка која вчера во натпревар за третото место славеше над Словенија со 28:20. Во идеалниот тим на шампионатот вледоа и Перез де Варгас (голман), Магнус Јондал (лево крило), Сандер Сагосен (лев бек), Игор Карачиќ (среден бек), Бенце Банхиди (кружен напаѓач), Хорхе Македа (десен бек), Блаж Јанц (десно крило). За најдобар дефанзивец на ЕП е прогласен Хенрик Пекелер, а признанието МВП го понесе Домагој Дувњак.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2020 19:45