Навивачките групи на македонските фудбалски клубови на состанок во Тетово договорија заеднички настап и навивање на натпреварот од плеј-офот во Лигата на нации кој ќе се одигра помеѓу Македонија и Косово на 26 март оваа година на градскиот стадион во Скопје.

- По средбата во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Мајмуни, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Лебари, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Улави, Ѓаоли…

Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј.

За Македонија единствени!, објавија „Комити“ на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2020 02:30