Моментот кога Ѓорги Начевски во 59. минути пресуди „чекори“ на Игор Карачиќ ќе влезе во антологијата на Европските ракометни првества. На забавената снимка се гледа како средниот бек на Хрватска тргнува во лесен танц пред да ја направи финтата, каде што бројот на чекори отиде на 5,6,7, бидејќи некои тв-коментатори се сомневаа мислејќи дека Марио Мариќ направи фаул во напад при блокирање.
Досудените чекори на Карачиќ се покажаа како пресуден бидејќи веќе во следниот напад Шпанија постигна гол, отиде на „плус два“ и го реши прашањето на победникот.
Да се донесе одлука која е исправна, која во тој момент не ги менува работите, бидејќи играчот е 10 метри од голот и нападот допрва почнува, а сепак, да се знае дека таа одлука директно ќе влијае на исходот на финалето на ЕП, е дел од храброста и од одговорноста која ја имаат судиите.
Е за тоа треба да се има многу храброст. Ни најголемите навивачки на Хрватите не можат да ја оспорат одлуката. Ни долго негуваното ракометно братство меѓу Хрватите и Македонците не може да биде нарушено поради одлуката на судијата која е чиста како солза. Во дуелот меѓу Хрватска и Шпанија најдобри актери беа судиите Начевски и Николов, пишува „Балкан хендбол“.