Раководството на Реал Мадрид одби да го отстапи Дани Себаљос во Валенсија, пишува „Марка“.

Шпанскиот играч од средниот ред веќе е непожелен во Арсенал. И играчот, и „топџиите“ претпочитаат да се разделат. Од „Местаља“ го посака играчот од средниот ред, кој исто така се согласи да го носи „бело-црниот“ дрес.

Според „Марка“, Реал не сака да засили директен ривал во Ла Лига, кој може да се претвори во противник за Кралскиот Куп, па дури и во ЛШ.

Од „Сантијаго Бернабеу“ претпочитаат Себаљос да игра во Бетис до крајот на сезоната. Дани „изгреа“ токму во клубот од Севиља, а го напушти „Бенито Виљамарин“ во 2017 година во насока на Мадрид за 17 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2020 21:12