Напаѓачите на Реал Мадрид влегоа во гол суша во шпанското првенство.

Последните шест гола на „белиот балет“ несекојдневно беа дело на дефанзивци или играчи од средниот ред.

Начо Фернандез синоќа донесе победа од 1:0 над Ваљадолид, по што мадридскиот тим се најде на чело на Ла Лига.

Пред него, Касемиро беше двоен стрелец во победата над Севиља со 2-1 на „Бернабеу“.

При 3-0 над Хетафе, Рафаел Варан се запиша двапати, додека Лука Модриќ еднаш.

На овој натпревар претходеше ремитобез голови 0-0 со Атлетик Билбао и големиот ривал Барселона.

За последен пат напаѓач на Реал Мадрид постигна гол во Ла Лига при 1-1 со Валенсија на 15 декември. Тоа го стори Карим Бензема во 95-тата минута.

Токму Французинот е водечки стрелец на „Кралевите“ со 12 гола во Ла Лига. Следуваат Серхио Рамос, Варан, Касемиро и Лука Модриќ, сите со 3 гола.

Од напаѓачите, Герет Бејл и Родриго имаат по 2, а Еден Азар, Лука Јовиќ, Виничиус Јуниор по 1.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2020 21:28