Австриската национална авиокомпанија, АУА, ги прекинува сите летови за Кина од вечерва до 9 февруари.

Претходно, германска „Луфтханза“ и швајцарската „Свис“ ги прекинаа летовите кон Кина поради новиот коронавирус.

Од Австрија, последниот лет за Кина, до 9 февруари, ќе се изврши вечерва, а се обезбедува враќање на авионот и екипажот.

Потоа, летовите ќе бидат прекинати поради „оперативни причини“, се вели во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2020 20:55