Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа ја обвини Турција дека го прекршува договорот за запирање на странското мешање во Либија со испраќањето воени бродови и со превоз на платеници во оваа земја.
По средбата со грчкиот премиер Мицотакис, францускиот претседател зборуваше и за поморскиот договор меѓу Турција и меѓународно празнатата либиска влада како документ што е „ништовен“, без политичка и правна сила.
-Последните денови ги видовме турските воени бродови со сириски платеници како пристигнуваат на либиско тло. Тоа е сериозно и отворено прекршување на тоа што е договорено во Берлин, рече Макрон во коментарот на меѓународниот самит одржан во Берлин, претходно месецов.
Претходно вчера турската војска соопшти дека четири фрегати и брод за снабдување со гориво се наоѓаат во центарот на Средозмено море, пред либиските територијални води, како поддршка на операцијата на НАТО во регионот, додека истовремено спроведуваат активности за осигурување на безбедноста на поморските трговски патишта.
Турција ја поддржува владата на Фајез Сраџ со седиште во Триполи, која е призната од Обединетите нации, додека Франција ја поддржува ривалската влада на истокот од земјата која е поврзана со генералот Калифа Хафтар.
Анкара се обвинува дека испратила неколку стотици сириски борци во Либија за подршка на Фајез ал Сараџ, претседателот на владата во Триполи, која се наоѓа во тешка ситуација поради офанзивата на силите на Хафтар, кои контролираат три четвртини од територијата на Либија
Турција му возврати на Макрон и ја обвини Франција дека таа е одговорна за нестабилноста во Либија.