Напаѓачот на Барселона, Карлес Перез, потпиша договор со Рома, според официјалната веб-страница на италијанскиот клуб.

Дваесет и едногодишниот Шпанец како позајмен ќе игра за Римјаните до крајот на сезоната. Надоместокот што Рома ќе ја плати на Каталонците за позајмицата изнесува еден милион евра, а доколку сака да го откупи договорот на играчот италијанскиот клуб ќе треба да одвои 11 милиони евра плус за бонуси 3,5-4,5 милиони.

Перез има важечки договор со Барселона до летото 2024 година.

Оваа сезона тој настапи на 12 натпревари, постигна два гола со три асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2020 21:30