Британската Национална здравствена служба соопшти дека е потврдено дека две лица во Велика Британија се заразени со коронавирус.

Заболените се членови на исто семејство и се мод медицински надзор, јави Би Би Си.

Државната агенција за јавно здравство на Англија не изнесе дополнителни информации за идентитетот на заразените, ниту за болницата каде се сместени.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2020 18:00