Сампдорија потврди дека го позајмува Мајо Јошида од Саутемптон. Екипата од Џенова, според италијанските медиуми, наводно ќе плати 200.000 евра за јапонскиот интернационалец до крајот на сезоната. Јошида игра за екипата од „Сент Мери“ од 2012 година. На Островот пристигна од холандски Венло за три милиони евра, а оваа сезона одигра осум меча за Саутемптон.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2020 23:13