Португалецот Седрик Соареш до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер во Арсенал. Соареш е член на Саутемптон од 2015 година по трансферот од Спортинг Лисабон и од тогаш одигра 138 меча за „светците“ од „Сент Мери“ и постигна три гола. Кариерата ја почна токму во Спортинг за чиј прв тим дебитира на 19-годишна возраст. Во дресот на португалската репрезентација досега забележа 33 настапи.