Македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Пелистер попладнево загуби со 23:20 на гостувањето во Хрватска кај Нексе. Така, битолчани на 12 февруари во реваншот на свој терен ќе бркаат поубедлива победа за пласман во четвртфиналето на регионалното натпреварување СЕХА.

Најефикасен на првиот дуел од осминафиналната пресметка беше левиот бек на Еурофарм Пелистер, Владислав Остроушко со седум голови од 11 обиди, Ловро Јотиќ постигна шест.

Во домашната екипа најефикасни со по четири погодоци беа Саша Баришиќ Јаман и Јанко Кевиќ.

Првите голамни на двете екипи, Николче Митревски и Морено Цар имаа по девет одбрани.

Победникот од осминафиналната пресметка во четвртфиналето ќе игра со Вардар кој е бранител на трофејот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2020 17:05