Кинеските власти почнаа да користат дронови со спикерфони за да ги предупредуваат граѓаните да носат заштитни маски.
Одлуката е донесена поради ширењето на коронавирусот.
Бројот на починати од вирусот се зголеми на 305, а регистриран е и првиот смртен случај надвор од Кина – на Филипините, каде што почина кинески државјанин (44) од Вухан, од тешко воспаление на белите дробови.
Појавата на коронавирусот е потврдена во повеќе од 25 земји во светот, а бројот на заразени се зголеми на 14.300.