По пет последователни победи, тимот на Милан денес одигра нерешено 1:1 со Верона во натпревар од 22. коло од Серија А.
До овој дуел, екипата предводена од Стефано Пиоли ги победи СПАЛ (3:0) и Торино (4:2 по продолженија) во Купот на Италија, а исто така ги совлада Каљари (2:0), Удинезе (3:2) и Бреша (1:0) во првенството на Италија.
Во исто време, Милан ја продолжи серијата без порази на сите турнири, што трае веќе 7 средби.
На натпреварот со Верона, Милан не можеше да смета на услугите на болниот Златан Ибрахимовиќ кој во зимскиот трансфер прозорец дојде како големо засилување во нападот.