Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо вечерва го предводеше својот тим до триумф над Манчестер сити со 2:0, во 25. коло од Премиер лигата. За Португалецот ова беше шести триумф против тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Подобар биланс од Мурињо има само предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп кој девет пати се радувал на победа во пресметките си Гвардиола.

Вреди да се одбележи дека ниту еден друг тренер го нема совладано Гвардиола повеќе од три пати.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2020 00:32