Единсон Кавани би се преселил во Челзи или Манчестер Јунајтед во јануари, ако стануваше збор за пари, тврди мајката на 32-годишниот напаѓач.
Уругваецот, чиј договор со Пари Сен Жермен истекува на крајот на сезоната, се очекуваше да се пресели во друг клуб, а англиските гиганти беа меѓу најспоменуваните за договор. На нив ги додаваме Атлетико Мадрид и новиот клуб на Дејвид Бекам – Интер Мајами.
– Единсон не сакаше да замине за парите, што ќе беше случај ако тој заминеше во Челзи, Манчестер јунајтед или Интер Мајами, кои му дадоа сериозни понуди, изјави Берта Гомез за шпанскиот весник „АС“.
Според неа, Кавани сторил се од себе за да се пресели во Атлетико Мадрид. Но, претседателот на „јорганџиите“, Енрике Черезо, сепак, рече дека договорот пропаднал заради алчноста на играчот.
– Не е невозможно Единсон да игра во Атлетико Мадрид ова лето ако претседателот ги повлече зборовите. Не разбирам зошто тој би рекол вакви нешта. Тоа нè повреди. Апсолутна лага е дека Волтер (братот и агентот на Кавани) побарал провизија за трансферот. Мојот син не отиде прво во Атлетико затоа што ПСЖ не го ослободи и второ, Атлетико не можеше да се договори со клубот за износот на трансферот, додаде мајката на Уругваецот.