Клубовите од Англиската фудбалска лига се согласија да го вратат стариот датум на летниот преоден рок. Од сезоната 2020/21 година, трансфер-прозорецот во Премиер лигата ќе се затвори на крајот на август и почетокот на септември.

Така, во 2020 година, трансфер-прозорецот ќе се затвори на 1 септември.

Клубовите дошле до оваа одлука по заедничката дискусија. Пред тоа, две години, се практикуваше да се затвори летниот преоден рок на ден пред почетокот на 1. коло, односно во почетокот на август.

Во другите европски првенства, прозорецот се затвора кон крајот на август или почетокот на септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2020 19:51