Жозе Мурињо низ годините ги навикна фудбалските фанови на изненадувања, но при секое ново му успева да предизвика шок во јавноста. Менаџерот на Тотенхем овојпат изненади со новата фризура. „Посебниот“ и во минатото знаел да се потшиша кратко, меѓутоа не дотолку како сега. Негова фотографија со берберот, кој имаше чест „да работи на главата“ на Португалецот, го обиколи светот преку социјалните мрежи и предизвика бројни шеговити коментари од многумина на сметка на трофејниот тренер. Еден од нив на „Твитер“ го промени неговиот прекар од „посебниот“ во „избричениот“.