Направено е многу во Арачиново. Она што во моментот се работи е проектно техничка документација за бушење на три бунари во Грушино, Орланци и во Мојанце. Двата бунари се со длабочина од 90 метри, а едниот е 56 метри, со што ќе се обезбедат трајни количини вода за пиење за овие населени места. Во Орланци веќе е направен и базенот каде треба да се сливаат овие извори. Со тоа трајно ја обезбедуваме водата за пиење.

Ова го изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој заедно со потпретседателот на СДСМ и премиер Оливер Спасовски, потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири и член на ЦО и министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска направи увид на изградба на канализациониот систем во Општина Арачиново.

– Сакам да ги поздравам граѓаните на Арачиново кои се денеска со нас да ја споделиме радоста на изведбата на едно големо и значајно очекување, што беше ветено од сите нас во време и во период кога сите зборуваа за федерализација и кантонизација излегоа граѓаните на Арачиново и рекоа ама луѓе нас ни треба канализација. И таа симболика остана, според мене една од најзначајните симболики на нашето единство правејќи го концептот „Едно општество за сите“, рече Заев.

Според него, проектот – канализациониот систем во Општина Арачиново е во вредност од 1,7 милиони евра заедно со надзорот или самиот проект е без малку 90 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на РСМ. Самиот проект, посочи Заев, е 10 километри со изведбените 30 отсто, канализациона мрежа ќе се комплетира севкупната канализација.

– Таа е во реализација на 10 крака во село Арачиново, прецизира Заев.

Тој изрази задоволство што општината направила многу во овие две години, во однос на изработката на проектната документација.

– Немаше документација, немаше никакви документи оставени за оваа работа. Се завршија сите документи, заедно работевме, не поддржаа и меѓународно за да може комплетно согласно закон на комплетна документација да аплицираме во транспорт и врски со одлуката на предлог на општината и транспорт и врски Владата да ја донесе таквата одлука, изјави Заев и додаде дека истовремено го задолжиле Министерството за екологија во текот на изведбениот период од една година на канализацијата во Арачиново да обезбеди средства на финансирање дали преку грант, дали преку буџетски средства за прочистителна станица што треба да се постави на делот на излезот на канализационата мрежа.

Новинарот Фуркан Салиу пак, на својот твитер профил објави видео во кое жител на Арачиново во конверзација со поранешниот премиер му се жали дека зборуваат за милиони а тој нема ниту 100 евра во џеб.

Видеото е превземено од твитер профилот на Салиу



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2020 19:09