Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата беше истакнато дека потребно е да се задржат програмските определби кои добија поддршка од граѓаните.

При таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард.

Беше договорено дека разговорите во позитивен дух ќе продолжат и во наредниот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2024 19:24