Промената на изборниот модел од шест во една изборна единица е блокирана во Собранието со илјадници амандмани. Но, ги повикуваме пратениците барем да усвојат решение во Собранието со кое се забранува предизборно коалицирање помеѓу партиите, со што се овозможува единствено постизборно коалицирање, како демократски исчекор кон реално одмерување на политичката тежина на партиите учеснички на изборите, со што се става крај на шпекулациите за големината и квази-карактерот на партиите.

Пратениците имаат и посебна обврска за ова оти во изминатите години продефилираа дури седум партии формирани своевремено по нарачка од тајната полиција. Исто така, јавна тајна е дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на своите по дваесетина коалициски сателитски партии им ги собираат потписите на нотар за пререгистрација на партиите, со цел, замајување на јавноста за наводната големина на нивните коалиции.

Потсетуваме дека во Собранието веќе има готов предлог законски текст од Единствена Македонија со амандмани за промена на изборниот модел и за забрана за предизборно коалицирање. Очекуваме од пратеницие да покажат зрелост и доволен демократски капацитет и во последен момент пред изборите да го усвојат барем амандманот на Изборниот законик за забрана за предизборно коалицирање на партиите.

Со почит, Центар за комуникации на Единствена Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2020 14:44