-Нашиот план е да останеме во рамки 3% дефицит, нешто што е препорака на ЕУ. Ние тоа ќе го задржиме иако СДСМ отиде со 3,5 % дефицит на буџетот, ние планираме да одиме на 3% , тоа е прво. Второ сметаме дека и со намалени даноци македонскиот буџет ќе расте затоа што очекуваме да се зголемуваат инвестициите, да се намалува невработеноста, рече потпретседателот Александар Николоски за вестите на Сител.

Тој во своето гостување кажа дека планот на ВМРО-ДПМНЕ е невработеноста да падне под 10%, и Република Македонија да биде рамо до рамо со најразвиените европски земји кои што имаат под 10% невработеност.

– Тоа е возможно и тоа ќе го направиме, сме покажале дека знаеме , а ќе покажаме и во иднина дека знаеме уште подобро да се справиме со овој предизвик на невработеноста, така што невработеноста оди под 10%. Со невработеност под 10%, до 4 милијарди инвестиции на домашно и на странски компании без разлика што даноците ќе бидат намалени, приходите во буџетот ќе бидат поголеми, затоа што повеќе ќе произведува македонското стопанство со тоа ќе може да имаме и повеќе инвестиции, потенцираше Николоски.

Николоски во своето гостување го додаде и следново:

Планираме реализација на капитални инвестиции односно капиталните расходи преку 90 проценти, преведено за граѓаните тоа значи дека она што ќе го ветиме за граѓаните во дел на изградба на патишта, инфраструктура, болници, градинки ќе го реализираме. Возможно е секоја година да бидат капиталните расходи околу 500 милиони евра, тоа се 500 милиони евра секоја година во нови патишта, железници, градинки, училишта. Тоа е еден циклус од околу 2 милијарди за 4 години кое што доколку го реализираме околу 90 % како што ни е планот, тоа ќе значи една целосна инфраструктурна обнова на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2020 19:56