Почна изградбата на затворен пливачки базен во Општина Ѓорче Петров, кој ќе чини 38 милиони денари.

Затворениот пливачки базен во оваа општина е дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени".

Проектот, како што сооштуваат од Агенцијата за млади и спорт предвидува изградба на затворени базени во 14 општини, што воедно е и еден од најголемите капитални проекти на Агенцијата во делот на спортската инфраструктура.

– Овој проект значи можност за рекреација, создавање здрави навики од најмала возраст и развој на пливањето како спорт, истакнал директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2020 15:43