Се вели убавите нешта одат во пар - а љубовта и виното се оној совршениот. Неверојатна комбинација. А кога сето е зачинето со гласот на уникатниот Павле Камилоски тогаш имате празник за сите сетила. Затоа не пропуштајте да бидете дел од настапот на уникатниот Павле Камилоски - одлична музика, квалитетно вино и многу љубов – токму тоа ве очекува в петок.
Intermezzo music bar се погрижи во центарот на градот да ја пренесе атмосферата од светските метрополи, и тоа преку камерниот концерт на еден од најдобрите баритони во Македонија. Концертот е со почеток во 21 часот и освен што ќе значи спој на одлична музика и убави вина, воедно и ќе го означи стартот на концертната сезона во чии рамки во претстојниот период следуваат многу музички изненадувања.
„Нашите гости го заслужуваат најдоброто од музиката, а токму за денот во кој се слават виното и љубовта за незаборавната атмосфера ќе се погрижи неповторливиот Павле Камилоски“, велат од Intermezzo music bar.
Камилоски со проектите „Мала Италија“ и „Come fly with me“ освои безброј срца, доближувајќи ја медитеранската музика до слушателите на, пред сè, уникатен начин. Неговиот репертоар опфаќа и голем број хитови како оние на Френк Синатра, Дин Мартин, Мајкл Бабл. Билетите за концертот на Камилоски се пуштени во претпродажба во ограничен број и по цена од 300 денари. Павле Камилоски, петок 21 часот, Intermezzo music bar.
Денот на вљубените дефинитивно никогаш не звучел подобро!
„Прифатете го тоа што ви го нуди животот и обидете се да пиете од секоја чаша. Сите вина мора да се пробаат. Од некои само една голтка, од други цело шише“, вели Паоло Коелјо, а ние би додале: „Уживајте во љубовта, виното и Павле Камилоски...“