Под мотото „Дарувај крв ‒ спаси живот“ во просториите на Општина Аеродром денеска се спроведе традиционалната крводарителска акција во организација на Црвен крст ‒ Кисела Вода на која се приклучија градоначалникот Златко Марин вработените во општината, како и голем број граѓани.

-Дарувањето крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните, изјави градоначалникот Марин и им се заблагодари на сите граѓани што даруваа крв и беа дел од оваа хумана акција.

Од Општина Аеродром порачаа дека и во иднина ќе продолжат да поддржуваат крводарителски акции со кои се спасуваат животи, но и се праќа порака за хуманост.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 15:49