Ракометарите на Еурофарм Пелистер утревечер во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе одиграат реванш натпревар со хрватскиот вице-шампион Нексе. Средбата е во рамки на елиминациските натпревари од ракометната СЕХА-лига, а победникот ќе оди на мегдан со актуелниот СЕХА шампион, Вардар од Скопје.

-Пред мене е нов предизвик како тренер и навистина одлично се чувствувам во Битола, град со голема ракометна перспектива. Подготвени сме за натпреварот со Нексе, имавме добар фокус, анализиравме и ќе ги отстраниме техничките грешки посебно грешките со пробивање во нападот кои ни се случуваа во Нашице. Верувам дека ќе имаме попрецизен напад, во одбраната ќе ја задржиме цврстината и низ заеднички тимски дух на крајот да славиме и во следната фаза да играме против скопски Вардар, изјави Жељко Бабиќ, тренер на РК Еурофарм Пелистер.

Влезниците за натпреварот Еурофарм Пелистер-Нексе се распродадени, организациските мерки се подигнати на повисоко ниво, на влезот во спортската сала ќе бидат одземени сите тврди предмети, посочија домаќините на меѓународниот ракометен натпревар кој утревечер од 20:15 часот ќе се игра во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 15:51