Бројот на жители во Египет достигна 100 милиони со што се загрозува националната економија, соопшти денеска Агенцијата за статистички истражувања КАМПАС.

Порастот на жители дополнително ја оптоварува египетската економија и е закана да ги загрози планираните економски реформи.

Дигиталните инструменти на Агенцијата, евидентирале 100-милионитиот жител на Египет во источниот дел од Каиро.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 20:57