Швајцарската Влада денеска ги повика граѓаните на претстојниот референдум да го отфрлат предлогот на десничарската Швајцарска народна партија за раскинување на договорот со ЕУ за слободно движење на граѓаните.

Доколку граѓаните на референдумот на 17 мај, кој се нарекува и швајцарски Брегзит, се изјаснат позитивно, државата би можела да го изгуби привилегираниот пристап до европскиот пазар.

На денешната прес конференција, министерката за правда и полиција Карин Келер Шутер истакна дека во случај мнозинството да гласаат „да“, Швајцарија, која не е членка на ЕУ, би била исфрлена од Шенген системот и Даблинскиот договор за азил.

– Би дошле во ситуација од почеток да ги градиме нашите односи со ЕУ, вели министерката. Таа додаде дека прекинот на билатералните односи со ЕУ, би ја чинеле Швајцарија многу повеќе отколку Велика Британија после Брегзит.

Евроскептичната Швајцарска народна партија, најголема партија во Парламентот, веќе подолг период се обидува да ја преземе контролата над имиграцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 22:05