Претседателот на Европската централна банка, Кристин Лагард, ги повика владите да имаат поактивна улога во поттикнување на економијата на еврозоната со реформи и расходи за поддршка на бизнисите.

Лагард додаде дека „другите политички сфери … треба да ја играат својата улога“ во помагање на економијата. Таа предупреди дека монетарната политика „не може и не смее да биде единствената“.

Поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд зборуваше за време на дебатата пред Европскиот парламент за плановите на Европската централна банка.

Според неа, не треба толку многу внимание да се посветува на балансирање на буџетите, туку на повеќе ресурси за економски раст.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2020 22:47