Сингапурската банка ДБС денеска ги евакуира 300 вработени откако еден нивен работник се зарази со новиот коронавирус.

Поради претпазливост, ДБС им наложи на вработените да работат од дома.

– Во моментот детално испитуваме со кого инфицираното лице беше во контакт, се наведува во соопштението на ДБС.

Министерството за здравство на Сингапур вчера потврди дека се регистрирани 47 пациенти, што е најголем број на инфицирани надвор од границите на Кина. Од новиот тип на коронавирусот (ЦОВИД-19) заразени се повеќе од 45.100 луѓе, од кои 1.116 починаа.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2020 21:33