Холандската полиција денеска пронајде и деактивира уште едно писмо-бомба во компанијата за информатички технологии „Јунисус“ од Лозден, во близина на Утрехт.

Како што пренесуваат холандските медиуми, мотивот за испраќање на писмото е изнуда.

Во текот на вчерашниот ден во две пошти во Холандија одекна експлозија, а во двата случаја стануваше збор за писмо-бомба.

Во експлозиите никој не е повреден.

Првата експлозија одекна во пошта во Амстердам, а потоа и во центарот за сортирање на поштата во местото Керкраде.

Холандската полиција истражува серија случаи со напади со писма-бомби од 3 јануари, за кои се претпоставува дека се испратени од едно лице.

Претходно на мета беа бензински станици, хотели, гаражи и канцеларии на агенти за недвижности.

Меѓутоа, ниту една од тие пратки не експлодира.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2020 21:22