Истражувањето на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за иновациите во земјите на ЕУ во Централна, Источна и Југоисточна Европа покажува дека во тие држави остварен е напредок во изминатата деценија, но оти треба да одговорат на предизвикот да се зачува истиот.

- Предизвиците се зголемување на достапноста на вештините неопходни за иновации, обезбедување соодветен ризичен капитал, усвојување на врвни технологии и подобрување на целокупното деловно опкружување, се наведува во соопштението на ЕИБ.

Во извештајот на ЕИБ се истакнува дека недостигот на работна сила охрабрува некои компании да ги префрлат своите иновациски активности од северниот и од западниот дел на ЕУ во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Според извештајот, компаниите во регионот го удвоиле бројот на вработени во секторот за истражување и развој и ги зголемиле инвестициите во интелектуална сопственост од 10 на 12 отсто во текот на изминатата деценија.

Продуктивноста на трудот во регионот порасна за 1,9 отсто годишно, повеќе отколку во Северна и Западна Европа во истиот период.

- Економиите во регионот продолжуваат да се соочуваат со сериозен недостиг на вештини. Само осум од 2.500 најголеми инвеститори во светот во истражување и развој се со седиште во регионот. На пример, Германија има регистрирано речиси 25.000 патенти во Европскиот патентен завод, но само 1.600 во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа, се посочува во извештајот на ЕИБ.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2025 02:38