Австриското Министерство за надворешни работи успеа по два и пол месеца да спречи кибер напад врз својот ИТ систем.

– По интензивна работа и одлична соработка на повеќе ресори, успеавме да го исчистиме нашите ИТ системи и да го спречиме кибер нападот врз Министерството, изјави шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг.

Тој истакна дека е заштитена безбедноста на податоците на Министерството и не е утврдена никаква штета на ИТ уредите.

Сепак истрагата се уште не е завршена, познато е дека станува збор за целен напад со намера да се соберат податоци, но не се знае кој е одговорен за инцидентот.

– Шпионажата е тешко кривично дело и затоа не сакаме толку лесно некого да обвиниме, порача Шаленберг.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2020 21:25