Филипини ќе ја укинат забраната за патување што ја воведоа за посетителите од Тајван во обид да го стават под контрола ширењето на вирусот Ковид-19, јави тајванската новинска агенција.

Филипини ја донесе одлуката откако Тајпеј се закани со одмазда поради забраната за патување.

Филипински официјален претставник изјави дека одлуката за укинување на забраната за патување е донесена и треба да се потпише.

Досега од коронавирусот починаа 1.383 лица, а заразени се 64.435.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2020 13:04