На 13.02.2020 во 16.30 часот во СВР Скопје, Б.М.(68) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице. Според пријавеното, околу 10.55 часот на телефон му се јавило лицето и му соопштило дека неговата ќерка учествувала во сообраќајна незгода, по што друго лице се претставило како полициски службеник и побарало пари за да се прикрие случајот.

Исто така, според пријавеното, тој се согласил на тоа и во 12.44 часот пред неговата куќа му предал пари на лицето.

Во 15.50 часот Б.М., откако контактирал со неговата ќерка, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2020 01:54