Неколку стотина демонстранти, предводени од жени синоќа протестираа на Денот на Свети Валентин пред претседателската палата во Мексико сите поради насилството врз жените.
Протестот уследи по убиството на 25-годишна девојка и објавената фотографија од злосторството во весник.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Земја на фемицидот“ и протестот го продолжија пред седиштето на мексиканскиот дневен весник „Ла Пренса“, кој објави фотографија на расчереченото тело на убиената Ингрид Ескамила.
Учесниците во протестот запалија и возила во сопственост на „Ла Пренса“, а се судрија и со полицијата, која ги спречи да влезат во седиштето на весникот.
Демонстрантите носеа и транспаренти на кои пишуваше „Бараме одговорно новинарство“, „Сите ние сме Ингрид“ и „Сексизмот убива“.
Во Мексико дневно се убиваат по 10 жени.