Гаел Монфис ја одбрани титулата на АТП турнирот во Ротердам. До јубилејниот десетти пехар во кариерата, Французинот стигна по триумфот во финалето над Канаѓанецот Феликс Оже Алијасим со 6:2, 6:4.
Монфис беше тенисерот со подобар сервис во мечот за титулата, ја контролираше ситуацијата и во размената на удари и заслужено замина со титулата од Холандија.
За Монфис ова е втора турнирска победа во 2020 година, откако минатата недела триумфира и во Монпелје.