Студиото на Јуниверзал во Пекинг се очекува да биде отворено за јавноста во мај 2021 година, како што и беше планирано, и покрај состојбата на коронавирусот која сè уште е актуелна. Ова денеска го изјави официјален претставник на општинската власт во кинеската престолнина.

Студиото, што е всушност тематски парк, е петто од својот вид во светот. Изградбата треба да заврши до крајот на 2020 година.

Од крајот на минатата година, Кина се соочува со епидемија на вирусот „Ковид-19“, која во светски рамки досега однесе 1.765 животи, а заразени се над 65.000 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2020 11:06