Организаторот на играта на Вардар Сташ Скубе имаше голема засулга за саботната победа над Мотор Запорожје со 38:28 во 12. коло од Б-групата на Лигата на шампионите. Словенецот постигна осум голови и заслужено се најде во идеалниот тим на колото во изборот на ЕХФ.

Во друштво на Скубе во ова коло се: левото крило – Уго Деска (Монпелје) лев бек – Жоан Канелјас (ПИК Сегед), десен бек – Алекс Душебаев (Кјелце) десно крило – Мариус Штајнхаузер (Флензбург) пивотмен – Хенрик Пекелер (Кил), голман – Андреас Вулф (Кјелце).

Место за индивидуална награда во ова коло имаше и за Тимур Дибиров. Тој беше во изборот на најдобар гол, и според ЕХФ токму неговиот беше најатрактивен. Доби топка од Скубе, а рускиот репрезентативец влезе на 6 метри и во скок го измами голманот постигнувајќи атрактивен гол.

По 12 одиграни натпревари Вардар е на петтото место и веќе има обезбедено место во осминафиналето во елитното ракометно натпреварување.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2020 12:46