Поранешната српска тениска ѕвезда Јанко Типсаревиќ ги откри страшните проблеми што ги имал со повредите во спортот.

Србинот, кој минатата година запре со тенисот, призна дека неколку пати бил сериозно депресивен и ги советувал спортистите во иста позиција да не се откажуваат и да бидат константни на тренинзите.

– Советот: „биди позитивен!“ не ми помогна многу затоа што едноставно не сум таков човек. Не можам да изгледам оптимист кога знам дека имам проблем. На крајот, јас останав реалист и се потпрев на разумот. Јас го направив тоа и сега знам дека ако човек сака нешто, тој мора да го следи тоа со сите сили. Нема друг начин, објави Типсаревиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2020 23:15