Веќе подолго време Нина Ангеловска се фали со реализацијата на капитални инвестиции од 78% за 2019 година, а тоа значи шминката на податоци и понатаму продолжува. Нина знае да шминка но незнае што се случува во трезорот на министерството и дали се исплатени плати за вработените во градинките и образованието, она што треба да и биде приоритет, бидејќи македонските граѓани живеат од плати и секое задоцнување е стресно за нив.

Наместо Нина Ангеловска да шета и да посетува Корзо во Ѓорче Петров, треба да се посвети на она што и е работа и на она за што зема пари од граѓаните.

Недозволиво е министер за финансии да не е запознаен, со тоа дали има пуштено налог во трезорот за исплата на плати. Додека вработените во градинките и образованието чекаат плата, Нина Ангеловска се однесува како да е министер без ресор, а не министер за финансии.

Владата во заминување, по одлуката за предвремени парламентарни избори во октомври 2019 година, ги забрза сите активности и донесе разно разни одлуки и предлог закони, кои требаше да и помогнат во намерите финансиите и економијата да ги претстави во розево светло.

За да може да прикажат некаква капитална инвестиција и вештачки да го подигнат процентот на капиталните инвестиции, Владата на седница одржана на 16.12.2019 година, разгледувала и донела - Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Македонија за 2019 година, за купување на делот на ГА - МА АД Скопје во износ од преку 2 милијарди денари (2.020.000.000,00 денари) или 33 милиони евра, средства кои ги исплати на 30.12.2019 година и тоа кон Национални Енергетски Ресурси - НЕР (порано Македонски Енергетски Ресурси). Со оваа постапка јасно е дека реализација на капитални инвестиции нема, а средствата се ненаменски алоцирани. Ваквата политика носи директни трошоци на буџетот по основ на камати, кои до овој период изнесуваат над 100 илјади евра.

Без оваа трансакција, која всушност не е реализирана, односно Владата се уште ги нема откупено акциите од АД Макпетрол, капиталните инвестиции во однос на основниот Буџет за 2019 година би изнесувале 60,81%, што е очајно ниско ниво на реализација. Ако владата сакаше да реализира ваква капитална инвестиција, зошто навреме не превзема конкретни мерки со цел да имаме вистинска реализација, а не вака да создава долгови а притоа и Макпетрол да остане неподмирен?

Кабинет на дополнителен заменик министер за финансии.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2020 01:39