Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.
На крајот на третиот квартал од 2024 година:
На 30.9.2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.432 милиона евра (или 30,6% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2024 година, е намален за 63 милиони евра, или за 1,4%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.
Во текот на третиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 92 милиона евра и изнесува 8.544 милионa евра, што претставува 59% од проектираниот БДП за 2024 година.