Осмиот светски рекет Матео Беретини, поради повреда на препоните, нема да игра на турнирот во Акапулко, Мексико, кој започнува следната недела.

Оваа сезона, 23-годишниот Италијанец настапи само на два официјални натпревари. Претходно тој се повлече од турнирите во Буенос Аирес (Аргентина) и Рио де Жанеиро (Бразил).

Во март Беретини планира да игра на Мастерсите во САД во градовите Индијан Велс и Мајами, каде што загуби во првото коло минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2020 14:53